Дома Фудбал Останато Јувентус го договори траснферот на дефанзивецот, Сари го одби!

Јувентус го договори траснферот на дефанзивецот, Сари го одби!

Договорот бил постигнат, од Баерн како замена за повредениот Киелни требало да пристигне Жером Боатенг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поранешниот германски репрезентативец има доста искуство, но Сари го стопирал. Тој не знае што ќе прави со сегашните играчи, од кои барем тројца се прекубројни, а не му треба пети стопер, ги има Де Лихт, Бонучи, Ругани и Демирал. Постои можност да си оди Ругани, но тренерот на Јувентус повеќе би сакал во клубот да се врати Бенатија кој си замина поради конфликт со Алегри.

Се споменуваа уште неколку опции, Умтити од Барселона, но изгледа дека на Јувентус не му е потребен стопер, туку да ги продаде Манџукиќ и Џан во последниот дел и така да го намали бројот на играчи кои ги има во ростерот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Прилично сум сигурен дека одиме дома…“: Селекторот на Шкоткса го прекина интервјуто за ББС после 23 секунди

Стив Кларк, селекторот на шкотската репрезентација, го прекина интервјуто за BBC само 23 с…