Дома Фудбал Италија Јосип Иличиќ повторно паднал во депресија

Јосип Иличиќ повторно паднал во депресија

Фудбалерот на Аталанта Јосип Иличиќ повторно има сериозни психички проблеми.

Иличиќ последен пат стартер беше кон средината на декември во натпреварот против Рома. Во следните два натпревари влезе во игра од клупата, а потоа исчезна од составот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Аталанта е внимателна со информациите за неговото здравје и не открива премногу. Во официјалните податоци стои само дека е „повреден“, но не се работи за физичка, туку за психичка. „Ла Република“ пренесува дека Иличиќ повторно паднал во депресија и неговата ситуација ја опишуваат како да е во „мрачен тунел“ од кој тешко се излегува.

Иличиќ секако е потребен на Аталанта, следи и Лигата на шампионите. Но, Словенецот во овој момент е целосно отсутен со „главата“ и во овој момент не може да игра фудбал. Ќе потсетиме, Иличиќ имаше големи проблеми по избувнувањето на пандемијата. Тогаш се пишуваше дека Словенецот не можел да ги издржи страшните слики во Бергамо, град кој беше силно погоден од коронавирусот.

Тогаш Иличиќ целосно го напушти тимот и му требаше подолг период да се врати на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…