Дома Трансфер зона „Јорганџиите“ ја „признаваат“ грешката, го враќаат Колумбиецот!?

„Јорганџиите“ ја „признаваат“ грешката, го враќаат Колумбиецот!?

Фудбалерот на Монако и репрезентативецот на Колумбија, Радамел Фалкао игра како препороден оваа сезона.

Фалкао имаше лош период од кариерата кога беше член на Челзи и Манчестер Јунајтед. Во Премиер лигата не се снајде, па минатото лето одлучи да премине во Лига 1.

Тој трансфер и тоа како му се исплатеше, бидејќи оваа сезона постигна 21 погодок на 29 натпревари во француското првенство, а освен тоа стигна и до шампионската титула во Франција, како и до полуфиналето од Лигата на шампионите.

Сето тоа придонесе за голем број шпекулации кои го поврзуваа со заминување од Кнежеството, а како ново-стара дестинација се споменува Атлетико Мадрид. Мадриѓаните се во потрага по напаѓач ова лето бидејќи најверојатно ќе останат без Антоан Гризман, а освен Фалкао на листата на желби се наоѓа и Александар Лаказет.

Да потсетиме, Фалкао настапуваше за Атлетико во периодот од 2011 до 2013 година кога премина во Монако за 43 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити нова опција за Влаховиќ: Пеп го сака уште во јануари!

Meдиумите на Островот пишуваат дека Пеп Гвардиола е воодушевен од квалитетите и потенцијал…