Дома Фудбал „Јорганџиите“ и без Гризман обезбедија нови три бода

„Јорганџиите“ и без Гризман обезбедија нови три бода

Фудбалерите на мадридски Атлетико, запишаа триумф на гостувањето на Андалузија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Непријатниот Бетис во 15. коло ги пречека „Јорганџиите“, а четата на Чоло Симеоне славеше со минимални 1:0.

Погодокот на одлука беше постигнат во 29. минута, а стелец на истиот беше Саул Нјигез.

Врсаљко уфрли фантастична топка од десната страна, таа го мина петтерецот на Бетис, стигна до Саул, кој погоди за 1:0.

Атлетико ниту овојпат не блескаше, Бетис беше далеку подобар од својот ривал. Имаа фудбалерите од Севиља дури 75% посед на топката и двојно повеќе удари од ривалот, но Облак, за разлика од Адан остана несоборен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Слушнав како се крши коска…“: Ужасно откритие на селекторот на Канада по хорор повредата на Коне

Канада како домаќин оствари повеќе од убедлива победа во второто коло од групата Б, но нат…