Дома Македонски спорт Мак фудбал Јонуз си замина, Скопје остана и без тренер!

Јонуз си замина, Скопје остана и без тренер!

Тимот на Скопје во вчерашниот бараж беше поразен од Вардар и така не успеа да го повтори минатогодишниот успех со зачувувањето на местото во Првата лига.

По поразот од 0:3 во Кавадарци тимот го напушти тренерот Мирсад Јонуз. Јонуз го презема Скопје на 11 кола пред крајот на првенството и донесе нешто подобри резултати, сепак и покрај тоа тимот не се избори за нова сезона во прволигашкото друштво.

Негов претходник на клупата беше Славчо Георгиевски. Засега според најавите Скопје може да го очекува и заминување на неколку фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар уплати 21 рата, до крајот на должничкиот репрограм остануваат уште 15

Миленко Неделковски најави целосно расчистување на наследените обврски по преостанатите 15…