Дома Кошарка Јокиќ ја губи битката, повеќе не е прв фаворит за МВП!

Јокиќ ја губи битката, повеќе не е прв фаворит за МВП!

Во поголем дел од сезоната Никола Јокиќ беше најголем фаворит за МВП трофејот во НБА лигата кој за него би бил трет, но како што сезоната влегува во завршницата како да ја губи битката со Џоел Ембид од Филаделфија.

По подолго време српскиот кошаркар не е на врвот на листата каде што сега е Французинот со камерунско потекло. Ембид во овој момент е најдобар стрелец во лигата со 33.5 поени, 10.2 скока и 4.1 асистенции по натпревар.

Јокиќ во овој момент е на просек од 24.8 поени, 11.9 скокови и 9.9 асистенции. Денвер и покрај лошата форма во последниот период се уште лидер на Западната конференција, додека Филаделфија е трета на истокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Без клуб по Црвена звезда, Грејем сега се појави како Џокер

Девонте Грејем не ги оправда очекувањата во Белград, а додека е без ангажман, вниманието г…