Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ со дабл-дабл и 40 поени го водеше Денвер до прва победа 🎥

Јокиќ со дабл-дабл и 40 поени го водеше Денвер до прва победа 🎥

Никола Јокиќ и Денвер се израдуваа на првата победа сезонава во НБА лигата и тоа во мечот со Торонто.

Српскиот кошаркар го заврши натпреварот со дабл-дабл од 40 поени и 10 скокови за 43 минути на паркетот. Денвер до победата дојде по дополнителните минути игра откако во регуларниот дел немаше победник.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Торонто успеа да дојде до продолжение каде што разлика направи еден напад бидејќи Нагетси славеа со 125:127.

Јокиќ беше најдобар на паркетот, а втор зад него беше Барнс од Торонто кој постигна 21 поен, еден помалку уфрли Берет. За Денвер ова беше прва победа по двата стартни порази.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Индијана 119-115

Атланта – Вашингтон 119:121

Бостон – Милвоки 119:108

Мајами – Детроит 106:98

Њујорк – Кливленд 104:110

Торонто – Денвер 125:127 (пп)

Мемфис – Чикаго 123:126

Сан Антонио- Хјустон 101:106

Далас – Јута 110:102

Феникс – ЛА Лејкерс 109:105

Сакраменто – Портланд 111:98

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Не е само првото место во групата: Македонија денес треба да победи и поради – бараж за Мундијал!

Повторно репрезентации, игра Македонија. Последни два меча од Лигата на Нации. Четврток пр…