Дома Останати Кошарка НБА Јокиќ најдобар асистент во историјата на Денвер!

Јокиќ најдобар асистент во историјата на Денвер!

Денвер изминатата вечер славеше победап ротив Минесота со 122:118, а овој натпревар ќе го памети српскиот кошаркар Никола Јокиќ кој повторно беше незапирлив.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јокиќ натпреварот го заврши со 31 поен, 13 асистенции и 11 скокови и тоа беше негов 14-ти трипл-дабл сезонава.

Исто така Јокиќ на овој натпревар стана најдобриот асистент во историјата на Денвер. Србинот сега е на бројката од 3.680 асистенции и зад себе го остави Алекс Инглиш.

Со оглед на формата на Јокиќ сигурно дека овој рекорд во иднина само ќе се зголемува и ќе биде потребно долго време за некој да го симне од тронот.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Далас – Атланта 122-130

Њујорк – Вашингтон 105-116

Хјустон – Шарлот 117-122

Мемфис – Кливленд 115-114

Њу Орлеанс – Мајами 98-124

Оклахома – Индијана 126-106

Јута – Клиперс 126-103

Лејкерс – Сакраменто 111-116

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…