Натпреварот помеѓу Денвер и Далас заврши со минимална победа на тимот од Колорадо со 122:120, а во овој дуел повторно неверојатен беше српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Јокиќ блескаше на теренот и запиша трипл-дабл од 37 поени, 18 скокови и 15 асистенции што за него беше четврти во низа и шести вкупно во сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со едно такво издание на Јокиќ на спротивната страна не помогнаа ниту 43 поени на Кајри Ирвинг кој додаде уште пет скока и пет асистенции. Блиску до трипл-дабл беше и Лука Дончиќ кој средбата ја заврши со 24 поени, девет скока и девет асистенции.
Солиден натпревар одигра и уште еден Србин во НБА. Никола Јовиќ кој за Мајами во триумфот против Минесота со 94:95 постигна 15 поени со седум скока. Но, Јовиќ беше стрелец и на последните поени за својот тим реализирајќи положување за потоа да биде прецизен и од линијата за слободни фрлања.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Хјустон 99-101
Милвоки – Бостон 107-113
Индијана – Њујорк 132-121
Орландо – Вашингтон 121-94
Оклахома – Голден Стејт 116-127
Филаделфија – Шарлот 107-105
Феникс – Сакраменто 118-127
Портланд – Мемфис 89-134
ЛА Лејкерс – Торонто 123-103