Дома Македонски спорт Јован Манев дополнително повикан за натпреварот со Фарски Острови

Јован Манев дополнително повикан за натпреварот со Фарски Острови

При објавувањето на списокот за натпреварите со Малта и Фарски Острови во јавноста имаше негодувања зошто Јован Манев не е на списокот, сега дефанзивецот на Адана Демиспор е дополнително повикан за пријателската средба со Фарски Острови.

Висар Муслиу е ослободен поради барање на неговиот клуб Инглоштад, додека Ѓоко Зајков заработи повреда, па Милевски се одлучи да го повика Манев.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Познато е дека на дуелот со Фарски Острови на голот нема да биде ниту Столе Димитриевски кој се врати на обврските за Рајо Ваљекано.

Македонија против Фарски Острови на Арената „Тодор Проески“ ќе игра во понеделник од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барса без Тер Штеген на првата тренинг сесија

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, не учествуваше на првата тренинг сесија на к…