Техниките за мотивирање на Јирген Клоп се навистина посебни.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Германецот користел филмски јунаци со цел да ги мотивира своите фудбалери, посебно тоа било случај во Борусија Дортмунд.
„Инспириран сум од Роки Балбао. Пред еден натпревар против Баерн Минхен на своите фудбалери им зборував Иван Драго (противник на Роки во едно од продолженијата на филмот), имав се припремено, сета технологија и ја започнав приказната. Го имав Роки Балбао во Сибир со сите тие „стари алатки“ за тренирање, после три-четири минути забележав дека воопшто не го привлекувам вниманието на фудбалерите“.
„Добро кој овде знае кој е Роки Балбао“, ги запрашал Клоп фудбалерите на Борусија Дортмунд.
„Се јавија само двајца. Останатите беа навистина млади. Добро, мораме од почеток“, открива Клоп.