Јаја Туре ја игра својата последна сезона во Манчестер Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Легендарниот играч за врска кој во редовите на „граѓаните“ настапува од 2010 година играл против неколку навистина одлични фудбалери во Премиер лигата, а како најтежок го избра Немања Матиќ.
„Го мразам тоа ѓубре“, се пошегува 34 годишниот Туре и објасни зошто е тешко да се игра против Матиќ.
„Навистина е тешко да играте против него. Силен е, стабилен и моќен. Можам да кажам дека малкумина играчи можат да ме запрат, а Матиќ сигурно е еден од нив. Може многу да трча и да се бари. Многу, многу добар фудбалер“, изјави Туре.