Дома Фудбал Англија Јасно е зошто дошло време за разделба: Ерера во ПСЖ ќе заработува огромна сума!

Јасно е зошто дошло време за разделба: Ерера во ПСЖ ќе заработува огромна сума!

Aндер Ерера ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот на оваа сезона после пет години поминати во клубот од „Олд Трафорд“.

Ерера во Манчестер пристигна пред пет години и со текот на времето стана вистински миленик на публиката на „Олд Трафорд“, но сега се одлучи на нов чекор во кариерата.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Следна дестинација на Ерера ќе биде Франција и тимот на Пари Сен Жермен.

Во медиумите како причина за разделбата помежу Ерера и Манчестер Јунајтед се наведува наводната фрустрација на Ерера од тоа некои играчи на Манчестер Јунајтед да добиваат поголема плата од него.

Како што се пишува тој не успеал да постигне договор со раководството на „црвените ѓаволи“ каде што добиваше 130.000 фунти неделно и поради тие несогласувања се одлучил да го напушти клубот.

Она што не му го исполнил Манчестер Јунајтед, му го исполнил ПСЖ кој му дал повеќе од двојно поголема плата и сега Ерера во Париз ќе заработува 300.000 фунти неделно.

Инаку во медиумтие на големо се пишува за реконструкција во Манчестер Јунајтед и Ерера веројатно е само првиот кој го напушта клубот. Останува да видиме какви промени во клубот ќе донесе летниот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…