Дома Топ вести Јануарска „бомба“: Бонучи го избра следниот клуб?

Јануарска „бомба“: Бонучи го избра следниот клуб?

Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи би можел да го напушти „Сан Сиро“ после само шест месеци, тврдат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Тутоспорт“ пренесува дека Антонио Конте се обидува да го убеди Бонучи да му се придружи во Челзи уште оваа зима. И минатото лето тој го посакуваше дефанзивецот на „Стефнорд Бриџ“, но Лео се одлучи да остане во Италија.

Бонучи ова лето беше најголемо засилување за Милан, но „росонерите“ се во очајна форма и остваруваат лоши резултати, па поради тоа не е исклучено незадоволниот дефанзивец да ја промени средината.

Во Челзи би бил идеална замена за Давид Луиз, а предност за „сините“ е што има право да настапува во Лигата на шампиони.

Сепак, тешко е да се поверува дека Милан ќе го пушти својот капитен, а „росонерите“ вчера и преку официјално соопштение потврдија дека капитенот сигурно останува на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…