Дома Кошарка Јанис останува во Милвоки и го добива најскапиот договор во историјата

Јанис останува во Милвоки и го добива најскапиот договор во историјата

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, дефинитивно останува дел од тимот и го потпиша најголемиот договор во историјата на кошарката, пренесуваат американските медиуми.

Грчкиот крилен кошаркар по завршувањето на сезоната искажа незадоволство од фактот дека Милвоки нема тим способен да се вмеша во борбата за шампионскиот прстен и навести заминување.

После долги преговори конечно е ставен крај на „сапуницата“, па Јанис ќе стави потпис на 5-годишен договор вреден 228 милиони долари.

Адетокумбо ќе заработува во просек по 45,6 милиони долари по сезона, па така ќе ги надмине договорите на Леброн Џејмс и Дамиен Лилард од следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Фенербахче се мачеше со Тофаш, па со серија 7-0 ја прекина низата порази

Хортон-Такер и Бракстон Ки го решија отпорот на Тофаш во финишот за победа на Фенербахче о…