Дома Македонски спорт Мак фудбал Јаневски: Ова не е крај да не бидеме во заблуда

Јаневски: Ова не е крај да не бидеме во заблуда

Вардар и покрај оставката на Седлоски, пристигнувањето на Јаневски пред само два дена и останатите притисоци од страна, успеа да остане приземен и да издвојува голема победа над Фенербахче на домашен терен со 2:0.

„Резултатот е добар за нас, имавме дуел со се гледа искусен тим. Имавме поголема дефанзива во првиот дел, што мислам дека треба да го искорениме пред реваншот во Турција. Исто така, сакам да им честитам на навивачите и играчите, кои играа со срце на терен. Мора да признаеме дека постигнатите голови беа со малку среќа, со оглед на тоа дека беа грешки на одбраната на противникот. Овој резултат ни дава позитивна енергија. Не смееме да мислиме дека работата по овој меч е завршена, тоа би било заблуда. Од искуство знам дека Фенербахче има одличен тим и одлична публка, таму ќе биде жешко, но ништо се уште не ни наговестува пласман во групната фаза од ЛЕ. Овој меч е зад нас, сега треба да бидеме фокусирани на првенството кое го започнавме лошо“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Елмас може да го напушти Наполи – побарал гаранција за поголема минутажа!

Во претстојниот преоден рок Елиф Елмас би можел да го напушти Наполи, барем според она што…