Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го продолжи договорот со производителот на спортска опрема ЈАКО на уште две години.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„ЈАКО“, која е една од најпознатите германски компании за спортска опрема ја информираше јавноста дека е продолжена соработката со Фудбалската репрезентација на Македонија до 2025 година.
„Горди сме што ја продолживме соработката со ФФМ до крајот на 2025 година. Имавме незаборавни моменти од почетокот на нашето патување, меѓу кои присуството на ЕП 2020 и епската победа против Италија во плејофот во 2022 година. Очекуваме нови победи и незаборавни моменти во иднина“, соопшти производителот.