Дома Останати Ракомет Јакобсен: Правевме грешки и Вардар знаеше како да не казни

Јакобсен: Правевме грешки и Вардар знаеше како да не казни

Вечерва Вардар одигра фантастичен натпревар и во Манхајм го совлада Рајн Некар со 27:30.

Вардар доминираше од првата до последната минута и не му дозволи на противникот да се надева на позитивен резултат во овој натпревар. Во еден дел од натпревар црвено-црните имаа и седум голови предност.

Тренерот кој со Данска буквално се прошета на Светското првенство, Николаи Јакобсен призна дека неговиот тим бил немоќен против Вардар.

„Правевме премногу грешки, а Вардар е еден од најискусните тимови и знаеше како да не казни. Потребни ни се неколку недели да влеземе во ритам. Му честитам на Вардар и се надевам дека ќе бидеме подобар противник во иднина“, изјави Јакобсен после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…