Дома Македонски спорт Мак баскет Јакимовски блескаше: Македонецот погоди пет тројки во победата на Вашингтон

Јакимовски блескаше: Македонецот погоди пет тројки во победата на Вашингтон

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски блескаше во новата победа на Вашингтон стејт, четврта по ред во НЦАА лигата, остварена против Орегон стејт со 64:58.

Јакимовски беше втор стрелец во триумфот на Вашингтон стејт со 15 поени, реализираше пет тројки од девет обиди.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Поефикасен од нашиот играч беше само Џејлен Велс со 24 поени. На спротивната страна доминираше Џордан Поуп со 12 поени.

Во Пацифик-12 зоната Вашингтон стејт е на второто место (17-6), зад водечката Аризона (18-5).

Во следниот меч популарните „кугарс“ ќе ги одмерат силите против Орегон на 10 февруари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Голема победа на Македонија против Полска

Македонската кошаркарска репрезентација запиша голема победа на гостувањето во Полска со 9…