Дома Фудбал Германија „Ѕверот“ од 15 години многу брзо ќе дебитира за првиот тим на Борусија!

„Ѕверот“ од 15 години многу брзо ќе дебитира за првиот тим на Борусија!

Веќе од поодамна се пишува за „вундеркидот“ на Борусија Дортмунд, младиот Јоусуфа Моукоко, а сега изгледа ќе добие шанса во првиот тим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Талентираниот 15 годишник оваа сезона во тимот до 17 години на Борусија одигра 18 натпревари и постигна 21 гол. Редовно игра и за тимот до 19 години на „милионерите“, а доби повик и во репрезентацијата на Германија до 19 години.

Рекордите не се ништо ново за Моукоко кој на само 14 години го собори рекордот по бројот на голови во една сезона во тимот до 17 години во Бундес лигата. Тоа беше минатата сезона кога постигна 50 гола на 28 натпревари. За селекцијата на Германија до 16 години дебитираше кога имаше само 12.

Ако Лусијан Фавр набрзо му даде шанса Моукоко ќе стане најмладиот играч кој дебитирал за Борусија, во овој момент тоа е Нури Сахин кој дебитираше за „милионерите“ на само 16 години и 11 месеци.

Лусијан Фавр неодамна и најави дека Моукоко во март може да добие шанса во првиот тим.

„Имаме план за него, но не можам точно да кажам кога ќе биде со нас. Тоа може да се случи во март“, изјави Фавр.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Луиз Дијаз ја доби топката додека беше на земја, па изведе магија и го посрамоти противникот (Видео)

Во пријателскиот дуел одржан синоќа, Колумбија извојува победа против Костарика со 3:1, пр…