Дома Трансфер зона Ѕвездата од Серија Б се сели во Јувентус!

Ѕвездата од Серија Б се сели во Јувентус!

0

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус го договорил трансферот на Рикардо Орсолини од Асколи, една од најголемите ѕвезди во Серија Б.

„Старата дама“ за потписот на 19-годишниот крилен фудбалер ќе плати 4,5 милиони евра, но и ќе испрати двајца млади фудбалери во Асколи.

Орсолини оваа сезона игра фантастично во дресот на Асколи, па го привлече вниманието на скоро сите големи италијански клубови.

Сепак, Јувентус успеа да ја победи конкуренцијата и да го обезбеди потписот на тинејџерот, за кого експертите тврдат дека е еден од најголемите таленти на Апенините.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кое е најдоброто засилување во Премиер лигата?

Ова лето беа поместени границите во фудбалскиот свет, откако Нејмар за рекорден трансфер о…