Дома Трансфер зона Ѕвездата на Јувентус призна: Сакам да играм во Премиер лигата!

Ѕвездата на Јувентус призна: Сакам да играм во Премиер лигата!

Левиот бек на Јувентус и бразилски репрезентативец, Алекс Сандро отворено призна дека сака да игра во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алекс Сандро во неколку наврати беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед и Челзи, но сепак остана во Јувентус.

Бразилецот има договор со „старата дама“ до 2020 година и доколку не го продолжи до лето ќе влезе во последната година од договорот и Јувентус ќе мора да го продаде.

„Среќен сум во Италија, но би сакал еден ден да играм во Премиер лигата“, јасен беше Алекс Сандро.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус решил да не му понуди нов договор и следното лето Бразилецот ќе биде ставен на трансфер листа, а неговата цена изнесива околу 50 милиони евра.

Покрај Манчестер Јунајтед и Челзи интерес за него покажува и Пари Сент Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…