Дома Фудбал Ѕвездата на Челзи со еден потег ги налути сите, Лампард му даде „исписница“

Ѕвездата на Челзи со еден потег ги налути сите, Лампард му даде „исписница“

Еден од најлошите поединци за Челзи во дуелот со ВБА секако беше Маркос Алонсо, кого Лампард го изваде од игра на полувремето.

Меѓутоа, Шпанецот потоа направил нешто што ги налути сите во клубот, пренесуваат англиските медиуми.

Имено, Алонсо веднаш после полувремето луто заминал во автобусот, па не го ни гледал второто полувреме, кога неговите соиграчи успеаа да постигнат три гола и да освојат еден бод.

Лампард бил лут, па го натерал Алонсо веднаш да се извини пред сите во соблекувалната, а веднаш потоа му наредел на раководството Шпанецот да биде продаден до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Битка за одлепување во Хрватска: Славен и Истра израмнети пред дуелот

Славен Белупо и Истра 1961 го отвораат 12. коло со по 13 бода. Домаќинот доаѓа по победа н…