Дома Трансфер зона Ѕвездата на Билбао откри: Преговарав со Манчестер Јунајтед

Ѕвездата на Билбао откри: Преговарав со Манчестер Јунајтед

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс откри дека ова лето имало преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ ова лето се разделија со двајца напаѓачи, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, кои се преселија во милански Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Токму Вилијамс бил посочен како идеална замена за Белгиецот, но трансферот не се реализираше, иако самиот играч ја остава отворена вратата за трансфер следното лето.

„Да, имав контакти со Манчестер Јунајтед. Меѓутоа, мојата прва опција секогаш беше да останам во Билбао, но човек никогаш не знае што може да се случи во фудбалот. Единстевно можам да кажам дека никогаш нема да се преселам во Реал Сосиедад“, изјави Вилијамс.

„Ако Манчестер Јунајтед се уште се интересира за мене може повторно да стапи во контат со моите агенти. Но, евентуален трансфер е можем само наредното лето“, додаде напаѓачот чија откупна клаузула изнесува 125 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо од трансфер во Вест Хем, Мазрауи се сели на „Олд Трафорд“

Трансферот на Нусаир Мазрауи од Баерн Минхен во Вест Хем е на работ да пропадне, откако во…