Дома Останати Тенис Ѓорческа е во одлична форма: Во Марибор ќе игра и полуфинале!

Ѓорческа е во одлична форма: Во Марибор ќе игра и полуфинале!

Maкедонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа со 2:0 во сетови ја совлада Грузијката Мариам Болквадѕе и така обезбеди место помеѓу најдобрите четири на турнирот во од В75 серијата во Марибор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако вчера ја елиминираше Французинката Џесика Покет која беше четврта носителка и многу подобро рангирана од Ѓорческа, денес македонската претставничка влезе како фаворит против Грузијката.

Првиот сет Ѓорческа го доби со 7:5, додека во вториот заигра уште подобро и го освои со 6:3 за конечни 2:0.

За место во финалето Ѓорческа ќе се бори против победничката од средбата помеѓу Јуван од Словенија и Ружиќ од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ и Сабаленка ќе играат во пар!

Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе настапи во двојки со првопласирана…