Дома Македонски спорт Ѓуретановиќ: Имав трема пред трката, но ова е големо искуство

Ѓуретановиќ: Имав трема пред трката, но ова е големо искуство

Младиот пливач Никола Ѓуретановиќ вчера настапи на 400 метри слободно на Олимписките игри во Париз.

Ѓуретановиќ има само 16 години и беше првиот македонски спортист кој се појави на игрите оваа година, а ја заврши трката со време од четири минути, пет секунди и 38 стотинки.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имав трема пред трката. И моите години го сторија своето. Бев многу возбуден. Сепак ова е големо искуство за мене. Секако, дека ќе се прикажам во подобро светло на следните големи натпреварувања“, изјави Ѓуретановиќ.

Следниот настап на македонски претставник во Париз е денес, кога на олимписката сцена ќе излезе стрелачката Анастасија Мојсовска во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…