Дома Фудбал Ѓулер откри каков прекар добил во соблекувалната на Реал Мадрид

Ѓулер откри каков прекар добил во соблекувалната на Реал Мадрид

Минатата година Рeaл Мадрид од Фенербахче за 20 милиони евра го доведе играчот за врска Арда Ѓулер (19). Турскиот талент досега го мачеа повреди поради кои одигра малку натпревари.

Тренерот Карло Анчелоти изјави дека нема да го испрати на позајмица следната сезона, а фудбалерот му се оддолжи со единствениот гол во победата на Реал над Реал Сосиедад (1:0) во 33.коло од Ла Лига.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Откако пристигна во мадридскиот клуб, шпанските медиуми го гледаат како наследник на Лука Модриќ, соиграч кој е двојно постар од него, чиј договор истекува на крајот на сезоната и не е сигурно дали ќе остане.

Токму затоа за јавноста е интереен и односот помеѓу двајцата фудбалери. Хрватот турскиот фудбалер го нарекува „помал брат“. Освен тоа во гостувањето на една шпанска емисија откри и дека во соблекувалната има прекар „Аби“ што во превод на турски значи брат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено што му кажал Белингем на судијата за да добие црвен картон

Веројатно вечерва во Мадрид, барем во онаа област каде што се навивачите на Реал, нема поз…