Дома Македонски спорт Ѓоко Хаџиевски пронајде нов ангажман во Саудиска Арабија

Ѓоко Хаџиевски пронајде нов ангажман во Саудиска Арабија

Поранешниот селектор на Македонија, Ѓоко Хаџиевски по десетти пат ќе биде тренер на Блискиот исток откако пред една деценија првпат дојде во арапскиот свет.

Третпат во кариерата Хаџиевски е назначен за тренер на Наџран од Саудиска Арабија. Во Наџран Хаџиевски првпат беше во сезоната 2011/2012, а потоа и во сезоната 2013/2014.

 Покрај Наџран Хаџиевски во изминатата деценија беше уште тренер на Ал Тавон, Ал Кадсија, Хата, Ал Дарфа и Емирејтс.

Од македонските клубови Хаџиевски ги предводеше Пелистер, Вардар, Силекс и Беласица, додека од преостанатите клубови ги водеше: Војводина, Џуболо Ивата, ЦСКА Софија, Вихрен, Кастрија, Докса, Атромитос, Баку и Симурк.

 Освен што беше селектор на Македонија, беше и селектор на Азербејџан во 2007 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…