Дома Останати Тенис Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ следниот месец ќе ги започне припремите за одбрана на титулата на Ролан Гарос со настап на АТП Мастерсот во Монте Карло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Освојувачот на 20 грен-слем титули не настапи на Австралија Опен затоа што не беше вакциниран против ковид-19, а од истата причина не играше на Мастерсот во Индијан Велс.

„Новак својата сезона на земјена подлога ќе ја отвори во Монте Карло каде што два пати ја освојуваше титулата на Мастресот 1000 и тоа во 2013 и 2015 година“, стои во објавата на официјалната страница на Ѓоковиќ.

Во Монако каде што живее Ѓоковиќ може да се влегуваат меѓународни патници со доказ за прележан ковид-19 во последните шест месеци. Ѓоковиќ позитивен според она што се објавуваше поред Австралија Опен бил во декември, па така ќе може да настапи во Монте Карло на турнирот кој се игра од 10. до 17. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Утрешниот меч на Ѓорческа на Вимблдон ќе може да се гледа во живо!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) ќе го испише најголемото поглавје во с…