Дома Останати Тенис Ѓоковиќ сигурно до пласман на осминафиналето на Ролан Гарос

Ѓоковиќ сигурно до пласман на осминафиналето на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос каде во три сета убедливо го совлада 32-годишниот Словенец Аљаж Бедене.

По еден час и 45 минути борба, Ѓоковиќ триумфираше со 3:0, по сетови 6:3, 6:3, 6:2, а следен ривал ќе му биде Аргентинецот Диего Шварцман, кој во третото коло го елиминира Бугаринот Григор Димитров исто така во три сета.

Ова беше четврта пресметка меѓу Ѓоковиќ и Бедене, прва по пет години и четврти Новак триумфира. Бедене во првиот сет одолеваше до шестиот гем, а потоа Новак направи брејк, со кој го реши во овој сет.

Слично беше и во вториот сет, Ѓоковиќ стигна до брејк во третиот гем, а потоа рутински го освои овој сет. Ѓоковиќ сервираше одлично и блиску до одземање на сервисот на Ѓоковиќ Словенецот беше на почетокот на третиот сет, но таа можност не ја искористи.

До крајот Новак немаше проблеми и мирно го приведе мечот кон крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Финалистот на Ролан Гарос го коментираше магупскиот сервис на Калин Ивановски

Младиот македонски тенисер Калин Ивановси денес се пласираше во 1/4 финалето на јуниорскио…