Дома Тенис Ѓоковиќ се враќа на Индијан Велс?

Ѓоковиќ се враќа на Индијан Велс?

На поширокиот список на првиот мастер во сезоната (8-18 март) се најде и името на Новак Ѓоковиќ.

Проблемите со лактот Ѓоковиќ го мачат веќе две години. Од кога го освои Ролан Гарос во 2016, а изгледа дека на овие проблеми им дојде крајот. Новак после разочараувањето на Австралија Опен одлучи да направи операција.

Резултатите веројатно се позитивни, па Србинот веќе започнал да тренира. Добра вест за сите фанови на Ѓоковиќ е и тоа што тенисерот се најде на поширокиот список за престижниот турнир Индијан Велс.

Првиот мастерс во сезоната се игра од осми до 18 март. Секако списокот не е конечен и натпреварувачите можат да го откажат своето учество и пред ждребот.

Ѓоковиќ во својата кариера пет пати триумфираше на Индијан Велс, а актуелен шампион и најголем фаворит е Роже Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Грбот го мачи Ѓоковиќ во Париз: Амановиќ интервенираше уште на првиот тренинг

Новак Ѓоковиќ доби третман на долниот дел од грбот пред настапот во Париз, каде што му е п…