Дома Тенис Ѓоковиќ после голема борба до финале во Торино

Ѓоковиќ после голема борба до финале во Торино

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на завршниот Мастерс, победувајќи го Тејлор Фриц, по два тајбрејка  со 2-0  сетови.

Ѓоковиќ го доби првиот сет по неизвесен тај-брејк, а во вториот постојано заостануваше со еден брејк, но на крајот се избори за тај-брејк и победи со 2:0.

Ова беше шести меѓусебен меч помеѓу Србинот и Американецот, а и овојпат, после скоро два часа подобар беше Ѓоковиќ.

„Победата ми беше во втор план, морав да се борам за да преживеам. Не се чувствував комфорно по маратонската битла со Медведев и знаев дека ќе ми треба време да се прилагодам на играта на Фриц, кој има еден од најдобрите сервиси во светот“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…