Дома Тенис Ѓоковиќ покажа сила против Пуј за тениска класика во финалето на Австралија Опен

Ѓоковиќ покажа сила против Пуј за тениска класика во финалето на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ не му дозволи никаква шанса на Лукас Пуј и само со четири загубени гејма се пласираше во финалето на Австралија Опен каде што ќе игра против Рафаел Надал.

Натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Пуј не изгледаше на полуфинале поради доминацијата на српскиот тенисер.

Ѓоковиќ првиот сет го доби со 6:0, а следните два ги доби со по 6:2. Мечот траеше само со еден час и 25 минути.

Во финалето на Грен слем ќе гледаме вистинска тениска класика Ѓоковиќ – Надал.

Ќе потсетиме, Шпанецот пласманот во финалето го обезбеди вчера кога го победи Стефано Циципас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Крај на чекањето за Мусети: Преку Фриц до трофеј во Лион!

Лоренцо Мусети славеше во два сета во финалето во Лион и стигна до третата АТП-титула во с…