Дома Останати Ѓоковиќ доживеа дебакл и беше исвиркан во Рим 🎥

Ѓоковиќ доживеа дебакл и беше исвиркан во Рим 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да се пласира во осминафиналето на Мастерсот во Рим, бидејќи во третото коло беше поразен од Чилеанецот Алехандро Табило со 6:2, 6:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Малкумина веруваа дека Новак така лесно ќе испадне од турнирот во Рим, а се чини дека тоа најмалку го очекуваше публиката.

Новак од самиот почеток на мечот се мачеше, ниту еднаш не успеа да го фати ритамот на игра, што неговиот ривал знаеше да го искористи и брзо да стигне до два брејка за водство од 4-0, а потоа и 6:2.

Слична беше ситуацијата и во  вториот сет, па Ѓоковиќ го  запиша еден од  најтешките порази во кариерата.

Во самиот финиш на натпреварот Новак беше исвиркан по напуштањето на теренот, што долго време не се случило во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ откри зошто неговите деца уште немаат телефони

Седумкратниот шампион на Вимблдон пристигна во Лондон, седна пред исполнетата конференциск…