Дома Фудбал Останато Ѓоковиќ: Ако бев фудбалер ќе играв за Звезда или Милан

Ѓоковиќ: Ако бев фудбалер ќе играв за Звезда или Милан

За познатиот портал „433“ Новак Ѓоковиќ одговараше прашања на темата, „Да сум фудбалер“.

Ѓоковиќ во спортската јавност е познат како голем фудбалски фан и навивач на Црвена Звезда и Милан, па затоа и не изненадува неговиот одговор каде би играл ако би бил фудбалер.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Сигурно би играл за клубот од мојот роден град, Црвена Звезда или пак Милан. На која позиција? Веројатно лево крило, јас сум левоног. Верувам дека би бил добар асистент на соиграчите“.

Интересно е што очеквуа да бил агресивен фудбалер со многу црвени картони.

„Веројатно би бил многу агресивен. Можеби би добил и 33 црвени картони“, низ шега прокоментира Новак.

Светското првенство би било негова најголема желба.

„Најмногу од се ќе сакав да го освојам Светското првенство со мојата Србија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Jaмал по мајсторијата против Бриж го споредуваа со Меси: Тој има илјадници такви гола…

Шпанските шампиони, тимот на Барселона, вчера одиграа нерешено 3:3 против Бриж во Белгија,…