Дома Фудбал Ѓаволски тешко, но Јунајтед е во полуфиналето!

Ѓаволски тешко, но Јунајтед е во полуфиналето!

Манчестер Јунајтед се пласира во полуфиналето на Лига Европа после 120 минути игра.

На стадионот во Келн англискиот претставник со 1:0 славеше против екипата на Копенхаген и на тој начин се пласираше во полуфиналето.

Стрелец на единствениот гол за премиерлигашкиот гигант беше Фернандеш кој стрелаше од пенал во првото продолжение, односно во 94 минута. Претходно во казнетиот простор беше фаулиран Марсијал.

Манчестер Јунајтед во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Севиља и Волвс. Тие својот натпревар ќе го одиграат во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливаја во нова улога, Хајдук добива пофалби: Најдобар состав во последните години?

По убедливите 5:0 против Горица, Ведран Јеше го пофали составот на Хајдук, а потегот на Га…