Дома Фудбал Италија Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех Шчесни има договор со клубот од Торино до летото 2025 година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Двете страни преговараат за продолжување на соработката, но „Старата дама“ бара од искусниот голман да се согласи на помала плата за да добие нов договор. Шчесни во овој момент заработува 6,5 милиони евра годишно.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, договорот во моментов е многу далеку, па не е исклучено Полјакот да го смени тимот на крајот од сезоната и да биде продаден. Има неколку понуди од Премиер лигата каде веќе ги бранеше боите на Арсенал.

Во вторникот вечерта, Шчесни беше херојот на полската репрезентација во Кардиф против Велс, бидејќи му одбрани пенал на Ден Џејмс во петтата серија во финалето на плеј-офот за пласман Европското првенство и со тоа ја одведе својата репрезентација на турнирот во Германија.

Во случај тој да замине, Јуве најверојатно ќе се сврти кон помлад голман, кој би можел да биде долгорочно решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гибс-Вајт го покажа повреденото лице – дали ќе биде подготвен за Астон Вила? (ФОТО)

Фудбалерот Морган Гибс-Вајт ги откри размерите на сериозната повреда на главата што ја доб…