Дома Фудбал Лига на шампиони Што се случува со Левандовски? Рекордер e во Шпанија по – промашени шанси!

Што се случува со Левандовски? Рекордер e во Шпанија по – промашени шанси!

Минатата сезона, посебно до почетокот на Светското првенство, Роберт Левандовски беше главен играч на Барселона и веројатно најзаслужен за шампионската титула. Сепак сезонава полскиот голгетер е далеку од таа форма.

Средина сме од декември, заврши групната фаза во Лигата на шампионите, а тој има само девет гола на своето конто и само три од крајот на септември. Во Лигата на шампионите само еднаш се запиша во листата на стрелци. За споредба минатиот период истата година имаше двојно повеќе голови.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Исто така тој е рекордер по бројот на промашени шанси во шпанското првенство (16) и ако реализираше барем половина, Барса ќе беше лидер. Последен пат еден гол во групната фаза од Лигата на шампионите Левандовски постигна во сезоната 2011/2012 кога го носеше дресот на Борусија Дортмунд.

Се истакнува податокот и дека Португалецот Пепе како дефанзивец на Порто има два гола во Лигата на шампионите, еден повеќе од Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…