Дома Фудбал Италија ШТО СЕ СЛУЧУВА!? Ванда прво плачеше, а сега пали слики од Икарди! (ВИДЕО)

ШТО СЕ СЛУЧУВА!? Ванда прво плачеше, а сега пали слики од Икарди! (ВИДЕО)

0

Ситуацијата Ванда – Икарди – Интер  e главна тема.

Во Италија овие денови многу се пишува на оваа тема поради ситуацијата со Икарди и одземањето на капитенската лента на Аргентинецот. Ванда пред неколку дена се појави во емисија во која додека зборуваше Икарди и заплака.

„Одлуката за одземање на капитенската лента беше изненадување. Мене не ми беше ништо кажано дознав како и јавност, од објавата на Твитер. Претходно разговарав со раковдството, но никој ништо не ми кажа. Читам коментари дека капитенскта лента нема големо значење, но за Мауро тоа е како да останал без една нога. Тој е многу горд што игра за овој клуб и секогаш кога требало да избира помеѓу пари и Интер го избирал Интер“.

„Имав разговор и со Морати кој беше навистина љубезен. Мауро беше бесен и разочаран се чуствуваше ужасно. Побарав помош од Морати за целата ситуација. Нашата намера не е Икарди да си замине“, зборуваше Ванда низ солзи во емисијата „Тики-така“.


Следете го Sportski.mk и на


Сега она што го направи Ванда во видеото кое го објави на социјалните мрежи (Инстаграм стори) привлече големо внимание, а за многумина ситуацијата е навистина чудна.

Имено, Ванда објави видео на кое се гледа како пали слики од нејзиниот сопруг и агент.

Зошто го прави тоа не е познато, а во медиумите се појавија две можни причини.

Јасно првата е наводно криза во нивната љубов и се потсетува на веста која се појави на „чизмата“ за неверство на Ванда со соиграчот на Икарди, Марсело Брозовиќ.

Може да се прочита и дека станува збор за црна магија и обид на Ванда да ја отстрани лошата енергија околу Аргентинецот.

Како и да е што и да се случувало се очекува реакција од некоја од страните после што работите би биле појасни.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кек: Македонија е многу активна и воиграна

Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во…