![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2019/02/icardi.02.19-850x491.jpg)
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди веќе месец дена не е во конкуренција за игра откако му беше одземена капитенската лента.
Клубот му ја одзеде капитенската лента поради одоговлекувањето за потпишување на нов договор, а Икарди потоа искомплицира кога порача дека не може да игра поради повреда.
Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓
На прегледите се докажа дека повреда нема и дека може да игра, но Аргентинецот продолжи да одбива. Спалети го исрли од првиот тим и сега на никој не му е јасно дали воопшто ќе настапи до крајот на сезоната.
Сепак, навивачите на Интер останаа изненадени утрово откако играчот објави интересна фотографија. Многумина веруваат дека ова е најава за враќање во тимот и тоа кога најмногу е потребен.
Интер утре го игра големото дерби против Милан, а Икарди е познат како специјалист за вакви натпревари. Дали несогласувањата со клубот се минато останува да видиме утре.