Натпреварите против Валенсија се секогаш тежок испит за Реал Мадрид, па така беше и синоќа. Кралевите со погодокот на Асенсио од 83. успеаа да извлечат реми, а еден од најлошите во екипата на Реал, беше секогаш фантастичниот Иско.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иско во првото полувреме понуди разочарувачка партија, па во второто наместо него, на теренот истрча Матео Ковачиќ.
Сепак, шпанска Марка пренесува дека Иско чувствувал вртоглавица и дека по влегувањето во соблекувалната неколку пати повраќал, па неговата здравствена состојба била единствената причина за слабиот ден.
Навивачите на Реал, со причина, се загрижени поради ваквите информации, а повеќе за здравјето на Иско ќе се знае откако ќе ги мине лекарските прегледи пред придружувањето на тренинзите со репрезентацијата на Шпанија.