Дома Останати Кошарка НБА Што не чека на „Ол-Стар“ викендот во Шарлот?

Што не чека на „Ол-Стар“ викендот во Шарлот?

Вкупно 68-то издание на „Ол-Стар“ викендот ќе биде одржано од 15-ти до 17-ти февруари во Шарлот.

Покрај натпреварот помеѓу тимовите на Јанис и Леброн ,пред нас е викенд исполнет со одлични случувања, а се започнува вечерва.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Прв натпревар на програмата е натпреварот помеѓу славните личности. Едната екипа ќе ја предводи НБА Звездата Реј Ален, додека вториот тим го предводи уште еден поранешен играч Џеј Вилијамс.

На двете страни ќе има неколку интересни имиња. Стив Смит (НФЛ), раперот Рапсоди, пеачите Крис Дуртри и Бед Банеј, како и уште многу актери и јавни личности кои ќе бидат поделени на двете страни.

Сепак вечерва многу повеќе внимание привлекува натпреварот помеѓу младите надежи на НБА лигата. Селекцијата на светот која ја предводат Лука Дончиќ, Богдан Богдановиќ, Бен Симонс, Лаури Марканен ќе игра против селекцијата на САД.

Во тимот на САД секако има големи ѕвезди како Кајл Кузма, Џејсон Татум, Донован Мичел…

Од клупата ќе ги предводи Дирк Новицки, додека тренер на ѕвездите од САД ќе биде Кајри Ирвинг од Бостон.

Она најдоброто доаѓа во недела. Големо внимание привлекуваат натпреварите во шутирање тројки и забивања кадеш то ќе гледаме неколку големи имиња.

Списокот на оние кои ќе шутираат тројки е навистина импресивен, а тука се Стеф Кари, Демиан Лилард, Девин Бокер…

Во натпреварот за забивања ќе учествуваат Милес Бриџ, Џон Колинс, Хамиду Диало и Денис Смит.

Сигурно дека ќе биде интересно и на натпреварот во вештини каде што ќе ги гледаме Лука Дончиќ, Никола Јокиќ и Никола Вучевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…