Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Што изјави Роналдо пред почетокот на Светското првенство?

Што изјави Роналдо пред почетокот на Светското првенство?


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Пред почетокот на Светското првенство во Катар Роналдо даде изјава, па дури и се колнеше во своите деца дека е спремен Португалија да го освои Светското првенство без тој даде гол.

Меѓутоа после натпреварот со Уругвај неговите реакции беа поинакви од таа изјава. Новинарите пред почетокот на Мундијалот го запрашаа Роналдо за неговите рекорди и можноста да го прескокне Еузебио како најдобар стрелец за Португалија на Светските првенства.

Неговиот одговор гласеше:

„Ако ми кажат дека Португалија ќе го освои СП без јас дадам гол, веднаш ќе потпишам, се колнам во своите деца“, изјави тогаш Роналдо.

Но, не помина многу време Роналдо да делува спротивна на неговите зборови. Голот против Уругвај кој остана оправдано запишан на Бруно Фернандеш го славеше како да е негов, потоа дури и после натпреварот се бунеше и тврдеше дека тој го дал голот.

Подоцна медиумите пренесуваа дека Португалија испратила барање до ФИФА да има промена, меѓутоа во соработка со „Адидас“ ФИФА ја истражи детално ситуацијата и се потврди дека Роналдо не играл со топката.

Сепак, оваа ситуација само уште еднаш ја покажа големата желба на Роналдо за постигнување голови и поставување нови рекорди. Иако зад себе има толку големи успеси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Гакпо погреши, избрза со трансферот во Ливерпул“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Искусниот стратег Ро…