Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Што зборуваа Меси и Левандовски?

Што зборуваа Меси и Левандовски?


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Лионел Меси и Аргентина ќе играат во нокаут фазата на Светското првенство која ја обезбедија со победата над Полска од 2:0 и како првопласирани од групата Ц продолжуваат на Австралија во осминафиналето.

Аргентина без поголеми проблеми ја совлада Полска, а после натпреварот видовме интересна ситуација на теренот. Во главни улоги беа Меси и Левандовски. Двете големи фудбалски имиња имаа интересен разговор, не сакаа никој да разбере што зборуваат па устата ја прекрија со рацете.

Многумина ги интересираше за што разговараа, се претпоставува дека станувало збор за една ситуација во која Меси одби да му пружи рака на Левандовски после еден прекршок.

„Деталот со Левандовски? Ме научија дека се што ќе се случи на теренот, таму и останува. Исто е и со соблекувалната. Ништо лошо нема да слушнете од мене“, изјави Меси.

Од друга страна Левандовски воопшшто не даде коментар за таа ситуација. Тој само зборуваше за следниот натпревар.

„Знаеме дека следниот натпревар ќе биде и тоа како тежок. Убеден сум дека можеме да одиграме многу подобро, посебно во фазата на нападот“, изјави Левандовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Реал Мадрид размислува за Покетино

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Реал Мадрид на лето би можел да направи трен…