Дома Трансфер зона Шпанците тврдат: Јаник Караско во најдобрите фудбалски години прави изненадувачки трансфер!

Шпанците тврдат: Јаник Караско во најдобрите фудбалски години прави изненадувачки трансфер!

Според шпанските медиуми, Јаник Караско од Атлетико Мадрид добил зелено светло да ги напушти „јорганџиите“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Караско практично е во најдобрите фудбалски години (24), но и покрај тоа би можел да направи трансфер во Кина.

Овој Белгиец е одлучен во намерата да го напушти Атлетико Мадрид, а како најконкретен во намерата да го доведе се покажа кинескиот Далиан Јифанг.

Шпанскиот клуб му дозволил на Караско да преговара со Кинезите, а информациите од медиумите во оваа земја говрат дека трансферот наскоро се очекува да биде и потврден. Атлетко како оштета за Караско би добил 30 милиони евра.

Оваа сезона тој одигра 17 натпревари во Ла Лига, постигна три погодоци и запиша четири аситенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…