Дома Трансфер зона Шпанците тврдат: Меси и Суарез може да ја напуштат Барса и повторно да бидат соиграчи

Шпанците тврдат: Меси и Суарез може да ја напуштат Барса и повторно да бидат соиграчи

0

Дејвид Бекам влегува во МЛС лигата со Мајами и во премиерната сезона сака да доведе некои од најголемите фудбалски ѕвезди.

Интер Мајами ќе дебитира во МЛС следната година, а од Каталонија пристигнуваат вести дека Бекам сака да доведе двајца играчи на Барселона.

Каталонското радио пренсува дека Бекам веќе го контактирал Меси и луѓето околу него. Во текстот се потсетува дека Меси во договорот со Барселона има клазула според која може да го напушти клубот бесплатно.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Бекам има понуда и за Луис Суарез кој има договор со Барселона до 2021 година. Барса на Суарез наводно му нуди договор на една година и тоа е премалку во однос на она што му го нуди Бекам. Легендарниот фудбалер на Суарез е спремен да му даде договор на четири години, што значи дека Суарез со голема сума би бил обезбеден до 36 години.

Меси и Суарез освен што се соиграчи се и најдобри пријатели во Барселона и тоа често може да се заклучи од нивните фотографии на социјалните мрежи.

Засега тимот на Бекам има само тројца фудбалери – Матијас Пелегрини, Јулиано Каранзу и Кристијан Макоун.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио само што пристигна во Јувентус, а веќе размислува за заминување

Францускиот фудбалер, Адриен Рабио ова лето потпиша за Јувентус каде што пристигна како сл…