Дома Трансфер зона Шпанците тврдат: Алкантара му се нудел на Реал Мадрид

Шпанците тврдат: Алкантара му се нудел на Реал Мадрид

Ѕвездата на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара преку своите агенти му се понудил на Реал Мадрид, тврди шпанскиот медиум „Дон Балон“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Притоа, тој лично му се јавил на тренерот Јулен Лопетеги и му кажал дека е спремен да ја напушти „Алијанц Арена“ во самиот финиш на преодниот рок. Стратегот на „кралевите“ бил заинтересиран бидејќи е голем симпатизер на неговата игра.

Лопетеги имал разговор со претседателот Флорентино Перез и му соопштил дека сака да се реализира трансферот, а наводно и агентот на Алкантара имал разговор со Перез, но тој категорично го одбил трансферот.

Алкантара е продукт на школата на Барселона од каде во 2013 година за 25 милиони евра се пресели во Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…