Дома Шпанија Шпанците пресметаа: Ако немаше ВАР, Барса и Реал ќе имаа исто бодови

Шпанците пресметаа: Ако немаше ВАР, Барса и Реал ќе имаа исто бодови


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Во Шпанија во овој период актуелни се случувањата околу Барселона и Реал Мадрид, прво се појавија скандалот со корупција во Барселона за кој обвинителството отвори случај (ТУКА), а денес беше објавено како Флорентино Перез вршел притисок на судиите (ТУКА).

Додека тоа е во центарот на вниманието се направи и табела како во овој момент би изгледал врвот во Ла Лига ако не постоеше ВАР системот.

Имено, ВАР системот и донел четири бодови повеќе на Барселона, додека „кралевите“ загубиле пет бода повеќе.

Интересно е што тоа е токму разликата од девет бода која е актуелна во овој момент. Ова значи дека ако немаше ВАР двата шпански гиганти би имале ист број на бодови по 61.

На табелата Барса е лидер со 65 бода, Реал е втор со 56, па потоа следуваат Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад со по 45.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Шпанија

Проверете

Не се само Педри и Дембеле: Чави остана без уште еден важен играч за „Ел Класико“

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Репрезентат…