Додека во центарот на вниманието во Шпанија е скандалот со наводна корупција на Барселона се појави нов, а сега во главна улога е првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез.
Поранешниот судија Едуардо Итуралде Гонзалес кој денес работи како аналитичар во Кадена СЕР зборува за сериозен инцидент во кој Перез половина час го држел заклучен во соба. Инцидентот кој го наведе како Перез вршел притисок се случил по натпревар против Депортиво Ла Коруња во сезоната 2010/2011.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
И покрај тоа што Реал тој натпревар го добил со 6:1, Перез имал што да му каже на Итуралде.
„Телевизиите и медиумите треба да функционираат на еден начин, ако си новинар дали треба да истражиш кој ме повикал во посебна просторија? По победата од 6:1 против Депортиво, натпреварот заврши ,го напуштам теренот и се поздравувам со моите помошници.
Еден човек ме носи во собата за судии и ми кажува: Сакам да ни судиш како што и судиш на Барса. Го прашав дали се шегува, ми одговори дека разговорот е завршен. Ме заклучи во собата половина час. Техничкиот комитет на судиите знаеше за ова, пријавив затоа што изгледаше навистина сериозно, но ништо не се случи. Човекот што ме внесе во собата беше Флорентино Перез, не морам да кријам. Има извештај, слободно може да се изтражи“, изјави Гонзалес за шпанските медиуми.
Веднаш по оваа изјава на Итуралде Шпанците потсетија и на една расправија од 2013 година која ја имал Перез со Итуралде на шпанска телевизија.
Florentino: “Usted ha sido arbitro y debe tener alguna mala conciencia no se porque ya que no le mencionado”
— FeyValentine (@valentine_fey) March 11, 2023
Que rápido calo a Iturralde desde el principio Florentino, ahora se va entendiendo mas la defensa feroz de Iturralde al Barça en el caso Negreira. pic.twitter.com/DMXgFS7irf