Дома Фудбал Шпанците открија дали Бензема ќе биде стартер против ПСЖ

Шпанците открија дали Бензема ќе биде стартер против ПСЖ

Голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема ќе биде во стартниот состав во вечерашниот дуел против ПСЖ во Лигата на шампиони, пренесуваат шпанските медиуми.

Како што е познато, Бензема ги пропушти последните три меча за Реал поради повреда и затоа не беше сигурно дали е целосно спремен за вечерашниот дуел.

Меѓутоа, популарниот медиум „Ел Чирингито“ откри дека Бензема го одработил целосниот тренинг со соиграчите, а потоа имал разговор со Анчелоти и медицинскиот тим.

Донесена е одлука Французинот да биде во стартниот состав против ПСЖ, а „Марка“ исто така ја потврди информацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн ја освои „Златната топка“ – Англија чекаше од 2001!

Хари Кејн е добитник на „Златната топка“ за 2026 година по фантастична сезона со Баерн Мин…